Мираковска: Нема да дозволиме да се градат рудници

Соња Мираковска, коносителка на кандидатската листа на Коалицијата „Можеме“ во ИЕ 4, во вечерашното предизборно соочување на телевизија Телма, искажа јасен став дека не само во југоисточните делови на државата, туку рудници нема да има на целата територија на државата доколку СДСМ добие мандат за формирање нова влада.

“Нашиот став е многу јасен, ние го послушавме гласот на граѓаните кои јасно кажаа дека не сакаат рудници. Ние нема да дозволиме во следниот мандат да се градат рудници. Имаме можност поинаку да ја развиваме земјата, ние сме рурална земја, ќе обрнеме повеќе внимание на земјоделството, ќе направинме се’ што треба за земјоделците да го подигнат своето производство, да стане конкурентно на европскиот и светскиот пазар, ќе направиме повеќе за екологијата, еколошки туризам. Имаме богатство кое можеме да го покажеме на светот, не мора да копаме и во следните 10 години земјата да биде во смог, да има нечиста вода и нечист воздух. Нашиот план е да одговориме на барањата на граѓаните.

Во никој случај нема да отстапиме од она што го ветуваме, договори се потпишани, можеби ќе треба да се плати и отштета и спремни сме државата да одговори на тоа во нашиот иден мандат, но во ниту еден случај нема да дозволиме ниту еден рудник да се отвори, не само таму каде што имало референдум, туку на целата територија на државата да има нови копови и нови рудници” – истакна Мираковска.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e