На покана на градоначалникот Борјанчо Мицевски, денеска министерот Љупчо Николовски, заедно со министерот за здравство, Венко Филипче, беа во работна посета на општина Крива Паланка.
Со градоначалникот и службите, министерот Николовски, разговараше во делот на можностите за аплицирање за мерките од ИПАРД програмата, кои се во насока на подобрување на инфраструктурата и руралниот развој.
МЗШВ, останува отворено за соработка со локалните самоуправи, бидејки се важна алка во руралниот развој на Република Македонија.
Видео од изјавата на министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски:
Двајцата министри го посетија и Здравствениот дом во Крива Паланка каде разговараа за потребите на оваа институција, како во смисла на подобрување на ситуацијата со кадарот, така и во смисла на она што им е потребно како медицинска опрема за подобрување на квалитетот на здравствените услуги на граѓаните на Крива Паланка.
-Веќе во буџетот на Министерството за здравство за оваа година предвидовме средства за набавка на нов рендген апарат-мамограф како и на нов ехо-апарат, со цел подобрување на нивото и квалитетот на здравствената заштита, изјави министерот Филипче.
Во рамки на еден поголем проект за набавка за болнички возила, во предвид е земен и кривопаланечкиот Здравствен дом.