Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски денеска оствари средба со претставниците на здружението на млекари преработувачи „Знак за квалитет“, на кој се разговараше за состојбата во овој сектор.
-Во услови на светска криза се грижиме и одговорно носиме мерки за поддршка на секој земјоделец.
Националниот план за производство на храна, кој го донесовме, веќе содржи низа мерки за поддршка на сточарите. Веќе работиме и подготвуваме нови дополнителни мерки како поддршка на сточарите и млекопрозводителите, посочи министерот Николовски по средбата.