Министерот за култура Асаф Адеми нема потрошено ниту денар од службената сметка

Министерот за култура Асаф Адеми за време на својот мандат, од 01.06.2018 год., до 01.11.2018 година, има остварено само две патувања во странство, во Тирана и во Франкфурт и притоа има користено само еден авионски билет во вредност од 7. 286 денари.

Во текот на својот мандат, министерот Адеми не користел аванс од денарската сметка на Министерството за култура, и нема направено трошоци на службената сметката. За репрезентација, во бифето на Министерство за култура, за периодот на својот мандат, министерот Адеми има направено трошоци од само 2. 565 денари, соопшти Министерство за култура.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e