Министерот Трипуновски и „поддршката“ од партиските здруженија: Класична фасада за уништување на малите земјоделци
„На денешниот состанок од земјоделските здруженија ја добив поддршката за реформите што ги започнавме. Фокусот е финансиската поддршка да биде насочена кон вистинските земјоделци… Продолжуваме со реформи за продуктивност, конкурентност и одржливо земјоделство.“
Оваа изјава е чиста пропаганда, маскирана како грижа за секторот. Министерот зборува за „поддршка од здруженија“, но не прецизира кои здруженија – веројатно партиските или оние блиски до власта, а не оние што ги претставуваат илјадниците мали производители кои се револтирани од новите правила.
Реформите што тој ги фали?
Зголемување на минималната површина (овош/лозја од 0,2 на 0,5 ха, полјоделство на 0,7 ха)
Обврска за 30% предаден род во регистриран откуп + строги минимални приноси и рокови
Удвојување на максимумот по корисник (до 1 милион евра)
Резултат: Малите (96% од фармите под 5 ха) се директно исфрлени. Без субвенции, тие ќе напуштат ниви, ќе остават овоштарници да загинат, ќе фрлат род во ендеци. Селата ќе се празнат побрзо, локалната храна (пиперки, сливи, јаболка) ќе исчезне, а увозот ќе експлодира.
Додека малите се борат за опстанок, големите (ЗК Пелагонија, Вардар и сл.) добиваат двојно повеќе пари од државата. Ова не е „фокус на вистински земјоделци“ – ова е планско фаворизирање на монополите на сметка на семејните фарми.
.
„Вистински земјоделци“ според министерот се оние со големи површини, договори со откупувачи и висок принос.
Малите? Тие се „ловци на субвенции“ што треба да се исфрлат. Хм!!!
Ова не води кон продуктивност и одржливост – води кон:
намалено производство на разновидна локална храна
зголемена зависност од увоз
празни села и загубен рурален континуитет
монополизација на пазарот од неколку гиганти.
Министерот може да зборува за „реформи“ и „поддршка од здруженија“, но реалноста е јасна: оваа политика е самоубиствена за македонското земјоделство. Не штити сектор – го убива она што го имаме најмногу: малите, традиционални производители.
Ако „вистинските земјоделци“ се само големите, тогаш малите се непотребни!
Ама стратегија и реформа?!!? Како ли само ви текна ова!!!!
А без малите – нема македонска храна, нема суверенитет, нема иднина на село.
Време е да се престане со лагите. Ова не е реформа – ова е егзекуција на малите земјоделци под превез на „модернизација“.
Игор Мирчевски, модератот во ФБ група Тутунари од Македонија
