Министерот за транспорт и врски Горан Сугарески оствари работна средба со амбасадорот на Република Чешка во Република Македонија, Мирослав Томан.
На средбата се разговараше за соработката и актуелните состојби меѓу двете земји, притоа акцент се стави на зголемување на економската соработка меѓу Република Македонија и Република Чешка.
Министерот Сугарески го информираше амбасадорот Томан за ифраструктурните проекти што се реализираат во земјава во делот на патната и железничката мрежа како и за реформите што ќе се спроведуваат во наредниот период, а кои се во насока на подобрување на севкупната состојба во државата.
“На средбата разговаравме за актуелните прашања поврзани со двете земји, Чешка е наша пријателска земја и се надевам дека во име на таквиот партнерски однос, соработката меѓу двете земји ќе продолжи и во наредниот период”, рече министерот за транспорт и врски Горан Сугарески.
Двајцата соговорници се согласија на интензивирање на понатамошната соработка, посебно во делот на подигнување на економските односи на повисоко ниво.