Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, заедно со директорот на Бирот за јавна безбедност при МВР Лазе Велковски денес беше во работна посета на Секторот за внатрешни работи Тетово каде што се сретна со раководството на оваа организациона единиц при МВР, како и со претставници на локалната власт на чело со градоначалникот Теута Арифи.
На средба во СВР Тетово, министерот Спасовски беше информиран за безбедносната состојба на подрачјето на овој секторо за внатрешни работи, при што констартирано е дека таа е стабилна, а се разговарало и за подобрување на активности во насока на поквалитетно и поефикасно функционирање на СВР Тетово, особено во делот на намалување на стапката на криминал.
Притоа, како што по средбата изјави и министерот Спасовски, клучни принципи во работата треба да биде максималното почитување на професионалните стандарди и сигурноста на граѓаните. Во таа насока, како што посочи Спасовски, потребна е поинтензивна и поблиска комуникација на полицијата со локаните власти, пред се преку поактивно дејствување на локалните совети за превенција а се со цел подигање на безбедносните и превентивните стандарди на повисоко ниво.
Наедно, министерот Спасовски по средбата во СВР Тетово ја посети и Полициската станица Гостивар, а се сретна и со градоначалникот Арбен Таравари.