Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски денеска, на покана од Здружението “Градот на пчелите” е во Тетово во рамки на манифестацијата „Меѓународен натпревар за квалитет на мед“.
-260 пчелари од 21 земја ќе го презентираат својот производ и ќе се натпреваруваат во трката по наградата за најквалитетен мед. Како министерство ја поддржуваме оваа важна гранка за биодиверзитетот, доказ за тоа се и мерките коишто во континуитет даваат резултати, порача министерот Николовски.

Тој потсети и дека во овој сектор воведена е законска рамка за продажба од куќен праг, исплатени се субвенции кон 5.877 пчелари во вредност од 210 милиони денари, а како министерство даваат финансиска поддршка за меѓународна промоција на македонските производи.

– Оваа година се потпишани рекордни 47 договори за настани и манифестации, посочи министерот.
-На овие простори одамнина се чувале кошници со пчели, особено во руралните средини. Пчеларењето како гранка е со долга традиција и голем потенцијал за развој. Преку ваквите меѓународни манифестации, пчеларите имаат можност да го презентираат својот производ и да се изборат за најдобар вкус, боја, чистота влажност и арома.
Упатувам честитки до сите 260 пчелари , очекувам многу награди, и искрено верувам во благородната мисија на сите пчелари да го претстават македонскиот мед пред светот. Нека победи најдобриот!, порача Николовски во Тетово.

