Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски денеска заедно со останатите членови на владината делегација присуствува во Словенија.
-Пријатен пречек од страна на премиерот на Република Словенија Роберт Голоб. Нашите две земји соработуваат во сите области, вклучително и земјоделството. Денеска ќе оствариме значајни и продуктивни средби со кои уште еднаш ќе го потврдиме нашето пријателство и континуирана соработка, сподели Николовски.
