Министерот Николовски во официјална посета на Катар

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски, од денеска е во официјална дводневна посета на Катар.

Во текот на денешниот ден, министерот Николовски имаше средба со државниот министер за надворешни работи на Катар, Султан Ал Мураикхи.

На средбата, министрите разговараа за билатералните односи на двете земји, како и за идните чекори за унапредување на соработката, со посебен акцент на трговската соработка меѓу двете земји.

Воедно, денеска, во рамки на посетата министерот Николовски, имаше работна средба и со заменик- главниот извршен директор на катарскиот државен фонд за инвестиции „ Хасад Фуд“, г-дин Ал Кувари,  чија што основна дејност е насочена кон ивестирање во секој континент.

24059153_2068273676727494_8170717474160639335_n

24068077_2068273693394159_9159434427103897609_n

На средбата, беа претставени низа можности кои беа предмет на интерес на катарската страна , а се од особено значење за развој на македонскиот рурален сектор. Исто така предмет на разговор меѓу двете страни беше и можноста за извоз на македонски земјоделски производи во Катар.

24058781_2068273776727484_1397484830123432662_n

Во рамки на посетата, утре министерот Николовски, ќе има средба со министерот за земјоделство на Катар и со претставници на државната „Катар Инвестмент Ауторити“, (основач на „ Хасад Фуд“), што важи за највиско тело во областа на инвестициите.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e