Министерот Николовски во Москва се сретна со претседателот на рускиот дел од Меѓувладината македонско-руска комисија за трговско-економска и научно-техничка соработка

Во рамки на официјалната посета на Москва, Русија, денеска министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски, имаше работен состанок со претседателот на рускиот дел од Меѓувладината македонско-руска комисија за трговско-економска и научно-техничка соработка, г. Максим Травников.
На состанокот се разговараше за широк спектар на прашања кои се од заеднички интерес за Република Македонија и за Руската Федерација.
Позитивно беше оценет растечкиот тренд на трговската размена помеѓу двете земји, особено извозот на македонски земјоделско-прехрамбени производи на рускиот пазар.

27624753_1631730976884455_4421253599326582434_o
Воедно на состанокот беше разговарано и за потенцијалните проекти за кои постои заеднички интерес во областа на енергетиката, туризмот, образованието,спортот и науката.
Во следниот период од двете страни, ќе бидат преземени конкретни чекори за возобновување на соработката во рамки на Меѓувладината комисија и во работните групи.

27624662_1631730973551122_2954974529640998991_o

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e