Во пресрет на 11-тиот годишен работен состанок на министрите за земјоделство од Југоисточна Европа, во Јахорина, вчера вечерта, министерот Љупчо Николовски оствари средба со регионалниот директор на ФАО, за Европа и Централна Азија, Владимир Рахмањин.
-На средбата, разговаравме детално за соработката помеѓу МЗШВ и Организацијата за храна и земјоделство на ООН, што ја поставуваат Македонија, како приоритет за оваа организација со која уште поинтензивно и посветено ќе работиме на зајакнување на целокупниот земјоделски сектор и приближување кон европските стандарди. Проектите кои ги спроведуваме со поддршка на ФАО, се од исклучителна важност за развојот и унапредувањето на македонскиот агро-сектор, вели министерот Николовски.