Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски денеска присуствуваше на традиционалната манифестација – „Ден на празот – Празијада 2017“, во с.Градашорци, општина Василево.
-Празот е бренд за овој регион и познато е дека најдобро успева овде. Со цел да се зголеми производството, оваа култура е финансиски поддржана преку мерките од Програмата за финансиска поддршка во земјоделството и истата континуирано ќе ја продолжиме и во следниот период. Во соработка со општината активно ќе работиме на обезбедување на пласман за овој специфичен земјоделски производ, но и за целокупниот развој на земјоделството во овој регион. Како ресорно министерство ќе ја продолжиме поддршката за секоја манифестација, која значи промоција на македонскиот аграр, бидејќи тие придонесуваат за зголемување на земјоделското производство, за развојот на руралните средини, како и за туризмот, потенцира Николовски.