Министерот Николовски со новогодишна честитка до земјоделците и агробизнисмените

“Нека Новата 2018-та година, биде година исполнета со успеси, среќа и добро здравје. Почитувани земјоделци и агробизнисмени, во Новата 2018-та, пред се Ви посакувам да имате добро здравје, бериќетно земјоделско производство, временски услови во полза на земјоделството, сигурен пласман на земјоделските производи и успешен агробизнис. А ние како ресорно министерство, и во Новата 2018-та продолжуваме да работиме во Ваш интерес, со мерки кои ќе го унапредат македонскиот аграр и ќе го вратат достоинството на македонскиот земјоделец. 
Среќна и успешна Нова 2018-та година!” – напиша во честитката, министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e