Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски присуствуваше на традиционалната манифестација “Валандовска ракијада 2017”, на која што на едно место лозарите од валандовскиот регион се натпреваруваа во традиционалното печење на ракија.
Ваквите манифестации се одлична можност за промоција на традиционалните македонски производи, меѓу кои е и ракијата, како и за афирмација на општините.