Министерот Николовски на Тркалезна маса за земјоделство и рурален развој на Западен Балкан во Берлин

На денешната Тркалезна маса за земјоделство и рурален развој на Западен Балкан, што се одржа во Сојузното министерство за храна и земјоделство во Берлин, а организирана од Постојаната работна за регионален рурален развој –SWG, министрите разговараа за процесот на евроинтеграции на земјите кандитати за членство во Европската унија.

26815011_1615935815130638_8700154993784414978_n

На тркалезната маса на која што присуствуваа министрите од Западен Балкан, министерот за храна и земјоделство на Сојузна Република Германија, Кристиан Шмит, порача дека обврска и должност на Европската унија, е земјите кандидати што побрзо станат членки на ЕУ.

Од македонска страна, министерот Љупчо Николовски, посочи дека стратешките цели на Владата на Република Македонија, се токму членството во Европската унија и во НАТО, за што работиме на интензивна реформска агенда. Во областа на земјоделството, тоа е зајакнувањето на Платежната агенција преку која се реализира европската ИПАРД Програма.

26804936_1615935761797310_2228542172893839_n

26907043_1615936001797286_8421289610072672711_n

27067212_1615936315130588_2477001112142084989_n

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e