Министерот Николовски на свечена академија по повод “90 години Ветеринарна наука и едукација”

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски, вечерва присуствуваше на одбележувањето на големиот јубилеј за Факултетот за ветеринарна медицина при УКИМ, “90 години Ветеринарна наука и едукација” по повод основањето на Ветеринарниот институт.

23517888_2062422987312563_2306139192241188082_n

-Науката има важен придонес во развојот на земјоделството. Како ресорно министерство ќе ја продолжиме соработката со Факултетот за ветеринарна медицина, како институција чии што експертски ставови имаат важна улога во креирањето на идните политики за развој на земјоделството.Од мое лично и од име на МЗШВ му го честитам 90-годишниот јубилеј на Факултетот за ветеринарна медицина и изразувам благодарност за укажаната чест со доделувањето на плакета за МЗШВ, потенцира министерот Николовски.

23561842_2062422947312567_3305341390149200516_n

23622502_2062422940645901_4254453557811409074_n

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e