Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски денеска ќе оствари работна средба со винарите во винарската визба „Стоби“.
Како што информираат од Министерството за земјоделство, на средбата ќе стане збор за новата реколта, планот за производство и откупот.