Министерот Николовски на средба со координаторите на сите проекти поврзани со МЗШВ

На денешната средба на министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство,  Љупчо Николовски, со координаторите на сите проекти поврзани со ресорното министерство, а кои се реализираат со поддршка од ИПА Програмата, се разговараше за статусот на веќе програмираните проекти кои треба да се реализираат оваа година, како и за предлог проектите кои треба да бидат дел од ИПА Програмата 2019 година.

27356217_2094534637434731_2464099106805647662_o

На состанокот присуствуваше и раководителот за соработка во Делегацијата на Европската Унија, Никола Бертолини, заедно со неговите соработници, кои се интересираа за сите процеси, активности и предлози, со што ја потенцираа безрезервната поддршка и отвореност на Европската унија за заедничко делување кон конечната цел – модернизирање на македонското земјоделство.

27021556_2094534694101392_526381527167764939_o

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e