Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство започнува интензивна соработка со локалните самоуправи. Во таа насока е и денешниот работен состанок на министерот Љупчо Николовски, со градоначалникот на општина Штип, Благој Бочварски, на кој што разговараа за изградбата на браната Отиње, во делот за обнова на техничката документација кој финансиски ќе го покрие МЗШВ.
На работниот состанок се разговараше и за мерките од Програмата за рурален развој, за кои општините ќе можат да аплицираат.
Мерките се однесуваат на инвестиции во локалната патна инфраструктура, изградба на водоснабдителни и канализациони системи, изградба на добиточни пазари и набавка на опрема за организирање на продажба на жив добиток во руралните средини и друго.
Вкупно за Програмата за рурален развој оваа година се планирани 35 милиони евра.