Министерот Николовски на состанок со подсекторската група за уредување на земјоделските пазари на мед

Денеска министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски оствари редовен работен состанок со подсекторската група за уредување на земјоделските пазари на мед.
На истиот се подготвија повеќе заклучоци кои министерството заедно со оваа подсекторска група треба да ги преземе во наредниот период.
-Важноста на подсекторските групи е голема и токму затоа ги активиравме сите 12 подсекторски групи. Заедно со земјоделците, земјоделските стопанства и стручната јавност, преку редовни состаноци работиме во креирање на мерки и политики за развој и поддршка на секоја гранка во земјоделството, порача министерот Николовски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e