Министерот Николовски ја посети фабриката “Агропротеинка” од Загреб

На вториот ден од посетата на Загреб, министерот Љупчо Николовски заедно со директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство, Зоран Атанасов, беа во посета на фабриката “Агропротеинка”, која се занимава со управување на системот за собирање на нуспроизводи од животинско потекло, а кои не се за исхрана на луѓето.

24852231_2073332309554964_7466686672102002807_n

Од преработката на нуспроизводите се добива топлинска енергија, биодизел и протеини за исхрана на животните.

Менаџментот на фабриката го запозна министерот со моделот на функцинирање на целиот процес, но и за улогата на државата во овој систем.

Функционалното управување на сите нуспроизводи од животинско потекло претставува нешто што и Европска унија го бара од нас како држава, на што во периодот што следува ќе посветиме внимание за воспоставување на истиот систем во Република Македонија.

24993337_2073332379554957_2180467434066024631_n

24991240_2073332416221620_3643336816105603902_n

24852232_2073332446221617_7376964277187500749_n

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e