“Денеска го одбележуваме Денот на тутунските работници.
Тутунот е тежок за производство, од расадување, берење, нижење до калапење, во производството учествува од најмалиот до највозрасниот член на семејството.
Затоа трудот на тутунарите треба да се цени и плаќа.
Владата на Република Македонија, го вреднува трудот на тутунарите. Воведовме нов модел за повисоки субвенции за тутунот, со цел да ги мотивираме тутунарите да произведуваат квалитетен тутун. Овaа година се постигна највисока просечна откупна цена од 217,60 денари за килограм предаден тутун.
На сите тутунски работници им го честитамденешниот ден.“ – напиша во честитката, министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски.