Министерот Димковски учествуваше на министерска конференција во Словенија

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Трајан Димковски учествуваше на денешната министерска конефернција којашто се одржува во рамки на саемот за земјоделство и храна АГРА 2019 во Птуј, Горња Радгона-Република Словенија, со ресорните министри од европските и земјите од регионот. На конференцијата се разговараше за воведувањето на нови технологии во земјоделството, трансфер на информациите до земјоделците и воведување на иновации во областа на земјоделството, што е важно за развој на земјоделството како стопанска гранка, особено во овој период на се понагласени негативни влијанија од климатските промени.

-Сите засегнати страни кои се дел од системот за трансфер на знаењето и иновациите, земјоделците, советодавните услуги за земјоделците и другите јавни услуги, институциите за истражување и образовние, медиумите, како и компаниите и другите организации кои се активни во областа на земјоделството, шумарството и прехрамбената индустрија, треба активно да бидат вклучени во системот за трансфер на знаењата и иновациите, изјави министерот Димковски.

Во рамки на конференцијата, министерот Димковски се сретна со Бекир Пакдемирли, министер за земјоделство на Република Турција. Двајцата министри разменија мислења за досегашната соработка помеѓу двете земји и се договорија да се отворат нови канали на комуникација со цел за продлабочување на соработката.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e