Минималецот ќе “скокне” на 20.000 денари, а беше 10.000

Расте и минималецот и просечната плата во Македонија. Пред точно 6 години, Социјалдемократите пред да ја превземат власта на парламентарните избори ветија просечна плата од 500 евра односно 30.750 денари, сума која денес е надмината.

Според последните статистики просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во октомври годинава изнесува 33.104 денари и во однос на октомври лани е зголемена за 13,6 проценти.

Ваквото зголемување се должи, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: Уметност, забава и рекреација-19,6 проценти, Објекти за сместување и сервисни дејности со храна-19,3 проценти и Преработувачка индустрија-17,6 проценти.

Премиерот Димитар Ковачевски најави зголемување на минималната плата во првиот квартал од идната година.

„Имаме елемент на зголемување на продуктивноста на трудот и сметам дека економијата може соодветно да одговори на ова зголемување на минималната плата“, порача премиерот Димитар Ковачевски во одговор на новинарско прашање дали домашната економија во сегашните услови може да издржи нов „минималец“ од 20.000 денари месечно.

Минималецот во 2017-та година беше 10.000 денари, а сега е речиси двојно повеќе, што е раст за 100%.

Извор: vestiplus.mk

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e