Милошоски за ТВ 24: Не одам на Конгрес

Нема да одам на Конгресот во Валандоново, изјави за тв 24 Антонио Милошоски. Извесно е дека дел од делегатите нема да бидат ниту Илија Димовски и Борис Змејковски, како и дел од останатите потписници на иницијативата за одлагање на Конкресот.

Формален повик за бојкот нема,така што очекувањата се дека секој од поддржувачите на иницијативата за одлагање на Конгресот ќе треба сам да одлучи дали ќе се појави попладнево на отворањето на 16тиот Конгрес на ВМРО-ДПМНЕ на кој треба да се избере наследникот на Никола Груевски, а генералниот секретар Христијан Мицкоски е единствениот кандидат.

Милошоски не се појави ниту на синоќешниот состанок на ЦК на кој ниту збор немало околу иницијативата за одлагање на Конгресот, а пред завчерашниот ИК на кој се отфрли барањето порача дека не треба да се дозволи партијата да избере лидер што ќе биде марионета. Слична порака упати и Илија Димовски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e