Милошоски си ја обезбедил пола фамилија со државна плата, Антикорупциска отвори предмет

Од Антикорупциска на денешната седница ги обелоденија имињата на членовите на фамилијата на Милошоски за чие вработување тие ќе побараат целосна документација од институциите и претпријатијата во кои биле вработени поради постоење сомнение за судир на интереси.

Државната комисија за спречување на корупција се сомнева дека пратеникот Антонио Милошоски влијаел при вработувањата на четворица членови од неговата фамилија.
Од Антикорупциска на денешната седница ги обелоденија имињата на членовите на фамилијата на Милошоски за чие вработување тие ќе побараат целосна документација од институциите и претпријатијата во кои биле вработени поради постоење сомнение за судир на интереси.

Станува збор за снаата на Милошоски, Александра Милошоска која била вработена во Управата за јавни приходи. Вујкото на пратеникот, Станко Коруноски, бил поставен за раководител во Агенцијата за катастар, јавува Слободен печат.

Братучедот на Милошоски, Станко Коруноски бил вработен во Централен регистер на Република Македонија а во Водовод и канализација во Скопје била вработена братучетката на пратеникот, Јелица Милошоска.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e