Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ и поранешен министер за надворешни работи, Антонијо Милошоски на денешната дебата на Телма ТВ изјави дека на него и останатите членови на собраниската Комисија за надворешни работи би им било мило доколку договорот за НАТО го ратификува овој пратенички состав.
-Нам би ни било драго како Комисија за надврешни работи да ја завршиме ратификацијата во овој мандат. Освен доколку Талат Џафери не одлучи да не биде така и да го даде тоа на друга комисија како што правеше со ставање на европското знаменце на законите и истите да ги даде на Комисијата за европски прашања, вели Милошоски.
Во однос на изборите тоа дали ќе има активен парламент за ратификацијата за НАТО, Милошоски истакна дека може ратификацијата да се спроведе на начинот како тоа што го направила Црна Гора, а тоа извршување на истата пред сите земји членки да направат ратификација во нивните парламенти.