Во случајот со милионскиот тендер за реагенси што пред неколку месеци го распиша, па го поништи министерот за здравство Венко Филипче, откако во јавноста се обелодени дека го добила фирма подизведувач која била формирана само 4 месеци пред распишувањето на јавната набавка, нема елементи за сторено кривично дело – ваква одлука донесе Јавното обинителство кое водеше предистрага по допрен глас.
Постапката е спроведена но не е склучен договор и истата по жалбите е поништена, стои во образложението на обвинителството. Од таму информираат дека нема сторени кривични дела ниту во набавките на лекови на клиниката за хематологија, каде директорува ќерката на сопственикот на веледрогеријата пановски која ги добивала тендерите, а кривични дела обвинителството не нашло ниту во изградбата на бункерот за акцелератор во клиничката болница во Штип. Сите овие јавни набавки според обвинтелството се спроведени согласно законите.
Извор: 24
