Милевски: Процесот на децентрализација треба да продолжи без одложување

Владата е посветена во продолжување на процесот на децентрализација, ова беше истакнато денеска на првиот состанок на работната група за продолжување на процесот на децентрализација се одржа во просториите на Министерството за политички систем и односи меѓу заедниците.

– Потребно е да се изготви предлог- програма за продолжување на процесот на децентрализација со акционен план и како и предлози за потребата од изготвување на соодветни измени што ќе обезбедат трансфер на надлежностите и ресурсите од централна во локалната власт, рече министерот за локална самоуправа Горан Милевски.

Милевски, како што соопшти Министерството за локална самоуправа, вели дека заеднички заклучок е дека процесот на децентрализација треба да продолжи без одложување и дека на следната владина седница треба да се одобрат информациите за унапредување на фискалната децентрализација, како и ревизијата на нацрт-документот на работната група за проширување на процесот на децентрализација.

Со работната група претседаваше првиот вицепремиер и министер за политички систем и односи меѓу заедниците Артан Груби, а присуствуваа министерот за финансии Фатмир Бесими, градоначалникот на Град Скопје Петре Шилегов, градоначалникот на Велес Аце Коцевски и шефицата на кабинетот на премиерот Заев, Мирјана Јанева.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e