Милевски: Со Мицкоски не сме разговарале за парламентарно мнозинство, не ја напуштаме Коалицијата

Горан Милевски од ЛДП во вечерашното гостување во емисијата „Клик Плус“ на ТВ21 рече дека ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски не зборувале со него за идејата за парламентарно мнозинство.

Милевски рече и да ја зборувале, тие нема да ја напуштат коалицијата.

„Ние сме влегле во оваа влада со јасна програма. За да се напушти коалицијата треба да се случи нешто да биде нешто спротивно од нашите програми или сфаќања. Јас не гледам што се случува да дојде до напуштање на Владата.

Со ВМРО-ДПМНЕ дебатираме преку Парламантот, што се поврзани со нашето министерството. Јас сум задоволен што имаме комуникација, и нашите закони поминуваат во Собрание“, рече Милевски.

Тој истакна дека не знаат со кого преговара ВМРО-ДПМНЕ.

„Со нас никој не разговарал некој на темата, ниту сме прифатиле или одбиле. Со кого разговараат, не знам. Ние во секој случај такви разговори немаме. Ако се скараме, ќе одиме на избори, не на ново парламентарно мнозинство.“, рече Милевски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e