Милевски: Ако најдеме заеднички точки со СДСМ, коалицијата ќе продолжи

„Пред нас се две опции, или ќе ја продолжиме традиционалната колација со Социјалдемократскиот сојуз или да настапиме самостојно на следните избори“, изјави денеска министерот за локална самоуправа Горан Милевски на гостувањето на „Само вистина“ на Канал 5 ТВ.

– Бевме заедно со СДСМ, рушевме еден режим кој успешно го срушивме, заедно се изборивме да се отвори патот на Македонија кон Евроатлантските интеграции, со цел да почнеме да зборуваме во Македонија за нормалните теми, кои ги тиштат граѓаните. Ако најдеме заеднички точки со СДСМ коалицијата ќе продолжи, ако не, секој сам ќе си се испроба на следните избори, посочи Милевски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e