Миленко Неделковски во колумна објавена на неговиот портал „Дудинка“ пишува за наследникот на Никола Груевски на чело на ВМРО-ДПМНЕ, откако тој најави оставка, а веќе е закажан и вонреден конгрес за 23 декември.
Тој смета дека новиот лидер треба да има јасно изразен патриотски став, познавање на историјата и да има идеја за иднината, да има решение за финансирање на партијата, и да понуди различен пристап, односно, како што пишува, да не и попушта на меѓународната заедница.
Ова се предлозите на Миленко:
„Ако се сака чиста душа и голема харизма – Игор Друловски.
Ако се сака паталец и патриот – Јохан Тарчуловски.
Ако се сака стабилен финансиер и одличен менаџер – Митко Јанчев.
Ако се сака долгогодишен партиски функционери кој го нема во бомбите – Горан Трајковски.
Ако се сака традиција и вера – Виолета Ачковска.
Ако се сака мотивација, успех и непокор – Мирка Велиновска“, пишува Неделковски.