Поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески повторно доби притвор, дознава и пренесува 1ТВ. Судија на претходна постапка му додели 30 дневен притвор. Оваа инфомација за 1ТВ ја потврдува и неговиот адвокат Еленко Миланов за 1ТВ.
Притворот на Јанакиески му е доделен поради опасност од бегство и влијание врз сведоци. Неговиот адвокатски тим најавува дека ќе поднесе жалба за изречената мерка од 30 дневен притвор.
Неофицијално, притвор вечерва добиле уште најмалку четворица, меѓу кои Димитар Димовски кој е член на извршен комитет на ВМРО ДПМНЕ и Дејан Митревски претседател на општинскиот комитет Аеродром.
Од кривичниот суд велат дека досега се готови пет решенија, но не откриваат за кого станува збор. Најавија соопштение преку кое ќе бидат наведени иницијалите на осомничените.