Мијалков на Јанакиески: Ги стегнав ДУИ И ДПА; 800 гласа ќе ни дадат

Во еден од разговорите кои се соучаат на денешното рочиште за „Титаник“ се јавува гласот на Сашо Мијалков, кој му вели на Јанакиески дека не треба да зборуваат по телефон бидејќи не се знае кој може да ги прислушува.

Мијалков потоа му вика дека успеал преку Тачи и Ахмети да обезбеди 800 гласа во корист на кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ.

„Ги стегнав шиптариве, ги стегнав циганиве. Бев со Тачи и со Адеми, ги наговорив сите нивни да излезат. Договорив со нив за секоја куќа да има по еден човек да ги носи на гласање. 400 да даде ДУИ, 400 Тачи и уште 700 ваму, ете ти ги 1.500‘“, вели Мијалков во прислушуваниот разговор.

Од разговорите кои беа емитувани денеска се дознава дека екс министерката за култура, Елизабета Канческа-Милевска, се сложила со барање на Јанакиески да се регрутираат на гласање уметниците од театрите, балетот и операта.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e