Михаилоски за Фактор: Младите не се апатични и покрај разочараноста од бугарското вето, продолжуваме со прогресивните политики

Подмладокот на СДСМ неодамна го избра Марко Михаилоски за претседател кој ќе биде гласот на младите членови во креирањето на политики намери за подобрување на студентскиот стандард, но и прашања за итните реформи кои треба да ја вратат довербата во институциите.

Михаилоски смета дека за младите многу поважни се прашањата за функционален систем и економски можности, како и забрзување на процесот за зачленување во ЕУ.

Михаилоски како претседател на СДММ ќе се залага за подобрување на вклученоста на младите во носењето одлуки и справување со КОВИД-19 пандемијата.

Фактор: Најпрво честитки за изборот за нов претседател на младината на СДСМ. Мандатот го започнувате во период кога е блокирана европската иднина и кога се очекува зголемена апатија кај младите и уште поголема бесперспективност. Сонот за ЕУ сам по себе не може да биде единствен мотив, туку мора да се работи и внатре преку преземање на клучните реформи за поголема правда, борба со корупцијата, повеќе економски можности за младите, но и подигнување на нивната енергија. Како ќе одговорите на овие предизвици?

Михаилоски: Не би рекол дека младите се апатични, напротив. Иако постои одредено разочарување кај сите нас поради одлуката од страна на Бугарија, сепак никој не очекуваше дека утре ќе влеземе во ЕУ. Свесни сме дека тоа е процес од неколку години, нашата држава денес е членка на НАТО, доколку го продолжиме патот и вложуваме во реформи и квалитетни политики, сонот за ЕУ набрзо ќе стане реалност.

Спроведувањето на клучните реформи и реализирањето на поглавјата од преговорачката рамка преку конкретни закони и политики, секојдневно ќе значат подобрување на животот на граѓаните, а пред се на младите. Колку сме поблиску на патот до интеграција на нашата држава во европското семејство, толку повеќе ќе бидат видливи бенефитите што сите ќе ги почувствуваме. Почнувајќи од подобар младински стандард, квалитетно образование, поголем број на можности за вработување и вклученост на младите во општествениот живот, па се до борба против корупција и владеење на правото, што многу често е поважно прашање за младите отколку нивните егзистенцијални прашања.

За Владата предводена од СДСМ овие прашања се високо во приоритетите, верувам дека со засилена комуникација набрзо ќе се дојде до решение и ќе се надмине оваа ситуација, а нашата држава ќе ги продолжи успешно преговорите за членство во ЕУ.

Целото интервју на Марко Михаилоски за Фактор на седниот ЛИНК.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e