Михаилоски кон Заев: Во име на МЛАДИНАТА, бараме да останете предводник на ново и реформирано СДСМ

Претседателот на Социјалдемократската младина на Македонија Марко Михаилоски, во име на СДММ, се обрати кон лидерот на партијата, Зоран Заев, повикувајќи го да се откаже од оставката.

-Секогаш сме ги почитувале Вашите одлуки, уште еднаш во име на МЛАДИНАТА, која годинава јубилејно одбележува 30 години од своето постоење, бараме да останете предводник на ново и реформирано СДСМ, кое води левоориентирана социјална политика, прогрес и развој на државата кон европскиот пат, СДСМ кој силно се спротиставува на десничарските движења и нуди квалитетни социјалдемократски решенија и политики, пишува тој.
-Ваквите промени може да ги предводите само Вие, а СДММ ќе ви биде силата, најголем сојузник и поддржувач! Младите бараат одговорност за неуспесите и неиспорачаните резултати, но цврсто веруваме дека само на чело со Вас, СДСМ може да се реорганизира и да продолжи уште посилно напред, порача Михаилоски кон Заев.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e