Мицковски го менува ставот за референдумот?

Jас го соопштив својот став за референдумот но околностите се променија, вели лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, во интервју за magazin.mk најавувајќи дека неговата партија се уште нема донесено конечна одлука дали на референдумот ќе гласа против или пак ќе го бојкотира.

„ВМРО ДПМНЕ во однос на самиот референдум има став кој е соопштен, но воедно гледаме како околностите се променуваат и има многу дилеми како ќе настапиме, што ќе превземеме, дозволете тука да останеме воздржани во соопштувањето на нашите чекори. Променливи се околностите, и многу работи не се дефинирани на пример кое ќе биде прашањето, каков ќе биде референдумот, кога и дали ќе се распише. Ние имаме план, имаме ставови и кога ќе дојде време ќе соопштиме како ќе дејствуваме.“ вели Мицкоски.

Тој го повтори ставот на партијата дека таа е против „тоа капитулантско дело со кој се брише името Македонија, се предвидува промена на Уставот и сериозно се задира во менување на идентитетот и откажување од правата на македонските малцинства надвор од границите на Македонија“,

„И Извршниот Комитет и Централниот Комитет како и пратеничката група расправаше по однос на содржината на штетниот договор на Заев со Грција и зазедовме став дека сме против тоа капитулантско дело со кој се брише името Македонија, се предвидува промена на Уставот и сериозно се задира во менување на идентитетот и откажување од правата на македонските малцинства надвор од границите на Република Македонија, и јас лично можам да ви кажам дека никогаш, ама баш никогаш нема да се согласам со овој капитулантски договор кој преставува еднострано прифаќање на сите грчки барања и ултиматуми“, вели Мицкоски.

Претходно, тој, изјави дека доколку се одржи референдум за промена на името, тој ќе гласа против.

Во интервјуто, Мицкоски уште зборува за внатрепартиските реформи, за можните предвремени парламентарни избори но и за редовните претседателски, за изгласувањето на составот на ДИК, измените во Изборниот Законик.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e