Мицкоски: Избори кога ќе има услови, не сакаме Фејсбук избори

Во денешното интервју во “Отворено студио” на 24 телевизија, лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, запрашан зошто ја избегнува темата избори со следново образложение:

“Јас немам дилема кога и да се случат изборите ВМРО убедливо ќе го победи СДСМ, најмалку со двоцифрен број пратеници разлика. Тука немам дилема ниту како човек, ниту како лидер. Убедливо, јас немам дилема дека ќе биде двоцифрен број разлика. Ние сме сега во пандемија која што на дневна основа брои луѓе кои се новозаразени и го губат животот и ако направите едноставна анкета да ги прашате граѓаните дали сакаат избори како вели СДСМ или да се одложат за понатаму, најголемиот дел, односно преку 70% ќе речат дека изборите треба да се одржат понатака. И во ред, да речеме дека ние сега ќе си подадеме рака и ќе одиме на избори. Еве една симулација на тој ден, ќе имаме луѓе со маски и ракавици, Фејсбук и Твитер кампања, но како кандидатите за пратеници ќе се претстават пред граѓаните, како ќе ја претстават програмата пред граѓаните. На крајот на денот граѓаните гласаат за програма. Ако сме ја правеле програмата во јануари, февруари за април, во меѓувреме се смени начинот на живот и економските текови, потребна е нова програма, да бидеме покреативни, поинаку да размислуваме.

Ние очигледно многу поодговорно гледаме на овој проблем. Како ќе се спроведе гласањето со граѓани со маски кои нема да сакаат да го фатат пенкалото. Како ќе правиме кредибилни избори без да имаме кредибилна кампања и програма, преку Фејсбук и Твитер ли ќе водиме кампања? Имаме граѓани постари од 60 години или граѓани кои не следат социјални медиуми.”

Запрашан за конкретен одговор кога конкренто е првиот погоден момент за ВМРО-ДПМНЕ да излезе на избори, Мицкоски со одговор:

“Првиот момент кога ние ќе знаеме дека сме ја ставиле пандемијата позади нас, дека во кампања нема да броиме новозаразени и жртви, тогаш! Кога ќе имаме услови во кои немаме опасност од вирусот, кога ќе има услови за фер и демократски избори, а не Фејсбук избори. Теоретски, доколку се прекине вонредната состојба, првата половина на месец јули би бил најран термин за одржување на избори” – одговори Мицкоски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e