Мицкоски: Никогаш нема да се откажам од македонскиот јазик

Христијан Мицкоски, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, на вечерашната дебата на 24 телевизија истакна дека за разлика од Заев тој никогаш нема да преговара за тоа што бил Гоце Делчев или да се откаже од македонскиот јазик.

-Никогаш нема да прифатам да преговарам што бил Гоце Делчев или дали мојот мајчин јазик не бил македонски или дали е македонски од 1945 година па наваму, изрично посочи Мицкоски на дебатата.

Мицкоски вели дека ние врз основа на тоа име и врз основа на Гоце Делчев сме создале држава, и го критикуваше Заев дека со Договор со Бугарија го потпишал тој што никој не се осмелил да го потпише.

-Затоа со обновата мораме да ги исправиме ваквите капитулации на Зоран Заев, посочи Мицкоски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e