Мицкоски на средба со ИРИ – во фокус на разговорите иднината на СЈО

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, оствари средба со Oвен Паун, директор на Меѓународниот републикански институт за Македонија и претставници од ИРИ.

На средбата се дискутираше за актуелната политичка и економска состојба во Република Македонија, како и за можните форми на соработка и потенцијалите кои постојат. Тој посочи дека законот за Јавно обвинителство е од големо значење, но тоа мора да биде врз принципиелни основи во согласност со уставот. Соговорниците беа согласни дека одличната соработка помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и ИРИ мора да продолжи и истата треба дополнително да се продалбочи, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e