Дали Христијан Мицкоски како и неговиот партиски гуру Никола Груевски сокриваат траги преку своите телохранители?
Секогаш кога има криминал, вмешан е член на обезбедувањето на партискиот лидер на ВМРО ДПМНЕ.
Јавноста со право се прашува – дали телохранителите само затскриваат траги, а од малверзациите единствен ќар има Груевски, односно сега Мицкоски?
Во милионската афера, во која се осомничени 7 лица блиски до врхушката на ВМРО ДПМНЕ, е и телохранителот на Христијан Мицкоски.
Која била неговата улога во криминалната зделка со делчевските ниви, каде блиски луѓе на врвот од паритијата, ја олесниле државната каса односно парите на граѓаните, ќе утврдува обвинителството.
Но, се наметнува прашањето – како повторно во партиската криминална свита се нашол и телохранител и тоа од поодамна познат и на органите на прогонот, но и на затворските служби?
Јавноста многу добро се сеќава дека и за теорористичкиот напад на Собранието на 27 април, се случи „Виена колинг“ за да даде старт за упад во законодавниот дом и тепање на смрт пратеници.
Да, тогаш телохранителот на Никола Груевски кој со него беше во Виена, преку телефон, се јави на еден од осудените за тој напад, наводно телохранителот да праша како се дома?!
И дека играат по иста шема е доволен показател што вчера партискиот гласноговорник на ВМРО ДПМНЕ, на телевизија се обиде да го испере образот на лидерот, па кажа дека Мицкоски не бил вмешан во криминалната продажба на нивите, со тоа пуштајќи ги низ вода останатите блиски на партијата.
И Груевски така на крвавата ноќ од упадот во законодавниот дом, потрча да даде изјава од Виена, порача да се казнат „насилниците“ пуштајќи низ вода 100 лица, само да се спаси лично тој. Христијан Мицкоски нема никаква поврзаност со делчевските ниви, колку што Никола Груевски нема никаква поврзаност со нападот на 27 април.