Мицкоски го повикал Груевски да разговараат по инфомациите дека екс лидерот ќе треба да оди во затвор

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, во интервјуто на Алсат, прашан дали се гледа со неговиот претходник а сега почесен претседател на партијата Никола Груевски, изјави дека по информациите дека е се поизвесно дека ќе треба да оди на одлежување на 2-годишната казна затвор го повикал и заедно, како што изјави, разговарале за, според нив, политичкиот прогон на кој е изложен екс-премиерот, сега пратеник Никола Груевски.

– Тој е изложен на политички прогон од власта, ве молам, за што е тој осуден 2 години затвор. За Мерцедесот купен во негово време, во кој се извозил неколку пати а се возеле и се возат и сега и други – беше тезата на Мицковски.

Тој додаде дека и другите процеси против Груевски се политички прогон.

– Го судат за шамари а шамари немало, и да не ги набројувам другите обвиненија, да оставиме судот и времето, се надевам, да покажат дека се работи за политчки прогон – рече Мицкоски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e