Мехмедовиќ: Во наредниот период очекувам да видам извештај колкава била контролата на превентивните мерките

Во денешното издание на “Отворено студио” на 24 телевизија, д-р Злате Мехмедовиќ, поранешен директор на Здравствениот дом Скопје со оценка дека генерално нема забелешки на работата на здравствените власти и Комисијата за заразни болести бидејќи и кај нас беа спроведени истите мерки кои се спроведуваа во целиот свет.

“Причината заради која денеска броиме троцифрени, а не повеќецифрени или четирицифрени бројки на новозаразени е поради одговорноста на најголемиот број граѓани во нашата држава. Замислете што ќе беше доколку мерките не се почитуваа од поголем број на граѓани, а да не беше тоа случај само кај одредени поединци?! Не би сакал да го вперувам прстот кон народот и да кажам дека народот е виновен за состојбата која ни се случува. Имаме народ којшто има свои културолошки карактеристики, има свои етнички каратеристики и има свои политички карактеристики и сите тие карактеристики го детерминираат неговото однесување. Народот практично и не мора и не може да знае колку е опасен коронавирусот. Општо би требало да биде запознаен и информиран.

Има системски пропусти кои укажуваат на тоа дека денес можеби можевме да имаме помал број на нови случаи доколку сме постапиле поинаку. Пред сè, тука мислам на контролата на превентивните мерки коишто беа донесени со одлука на Влада. Тоа не беа препораки, тоа беа мерки коишто се одлуки и истите мора да се почитуваат. Доколку истите не ги почитувате нормално дека за тоа следуваат санкции. Реално очекувам во наредниот период да видам колку е реализирано во сферата на контролирањето на мерките од страна на надлежните институции во форма на извештај за да можеме навистина да дадеме заклучок дека непочитувањето на мерките е причина поради која ни се случува денешната состојба” – изјави д-р Мехмедовиќ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e