Матичните лекари го прекинуваат протестот, постигнат договор со Министерството за здравство

Матичните лекари го прекинуваат протестот – преку работни групи со Министерството ќе бараат решение на проблемите.

Министерството за здравство заедно со Здружението на приватни лекари ќе формираат работни групи на кои ќе се дефинираат конкретните чекори за подобрување на состојбите со кои се соочуваат со лекарите од примарното здравство. Ова било договорено на денешниот состанок помеѓу заменик министерот за здравство, Владимир Рендевски и претседателката на Здружението, Лилија Чолакова Дервишова.

„Во овој краток период откако ја преземав функцијата имав повеќе средби и со министерот за здраство и со Фондот за здравствено осигурување, она што го увидувавме во примарната здравствена заштита е дека навистина од 1463 медициски тимови во примарната здравствена заштита, околу 500, односно една третина се на работ на егзистенција. Практично добиваат едвај загарантирана минимална плата за тимот доктор/сестра“, рече Рендевски и најви дека што е можно поскоро ќе изнајдат решение за да бидат докторите и мотивирани и да останат да работат во интерес на пациентите.

Рендевски најави дека ќе се обезбеди минимална загарантирана плата и за докторите и сестрите кои едвај преживуваат со мал број пациенти, за да нема одлевање на медицинскиот кадар, ниту затворање на ординациите што ќе биде на штета на пациентите. Рамномерно ќе се обезбеди загарантирана минимална плата и за ние ПЗУ каде има и поголем број на пациенти, поради што вработени биле и повеќе тимови.

“Заеднички ги разгледавме и одредени казнени мерки на кои се залеа матичните лекари, а се изрекувани од ФЗО, имавме состанок во текот на денешниот ден со менаџментот на Фондот и договоривме во иднина да се гледа за некои помали, навистина административни грешки, казните да не бидат парични, туку да бидат во форма на опомена“, додаде заменик министерот за здравство, Владимир Рендевски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e