Матичните лекари дадоа рок од две недели да бидат почнати разговори со министерот Филипче, во спротивност штрајк!

Управниот одбор на Здружението на приватни матични лекари на денешната седница одлучи уште две недели да му даде рок на Министерството за здравство и министерот Венко Филипче за да почнат разговори во работни групи за нивните барања. Еднодневен штрајк, со тоа што нема да примаат пациенти со хронична патологија и нема да им издаваат рецепти и упати, како опција останува ако здравствените власти и натаму останат глуви на нивните барања.

Лилија Чолакова Дервишова, претседателка на Здружението на приватни матични лекари, вели дека бараат разговори за нивните основни барања, односно пациентите и лиценцата место како досега да се водат на име на лекарот да се водат на име на приватната здравствена установа, зголемување на капитацијата, зголемување на буџетите за работа на лабораториите и приватните здравствени установи.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e