На 20.11.2017 година околу 04,00 часот било пријавено дека на регионалниот пат Струга-Велешта на место викано „Мороишки Мост“ три непознати маскирани лица од кои две вооружени со пиштоли, извршиле разбојништо над двајца вработени во бензинска пумпа.
Тие на вработените им ги одзеле чантите во кои имало 32.400 денари, пари од дневниот промет, по што го напуштиле местото на настанот. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
