Мислам дека според анкетите кои беа правени неодамна, Горна поминува најдобро како предлог ако не се лажам, после кој следува Северна, Илинденска помина релативно лошо како одглас, а најлошо поминува Нова, вели професорот Ненад Марковиќ во Фактор магазин.
„Мене лично Нова ми е еден од најлошите предлози дефинитивно. Имплицира недостаток на историја, имплицира на недостаток на еден историски легитимитет што дури и за мене персонално да не е проблем, за најголем дел од мнозинството граѓани би било проблем. Мислам дека овие географски одредници на крај ќе пресудат, ќе биде Северна или Горна претпоставувам, затоа што тоа Грците всушност го бараат да се именуваме поинаку од регионот Македонија. Ако се смени таа формула, тогаш најлогично личат Северна или Горна. Дури имаше и блага доза на несериозност за мене лично. Можеби беше само пробен балон, можеби беше начин да се протне ерга омнес решението. А Нова по мене беше катастрофален предлог. Ако веќе мораме да бираме, нормално никој не е пресреќен што мораме да бираме, тогаш мислам дека Северна и Горна звучат географски дистинктивно, и тоа е повторно на линија на дистинктивни елементи иако ги оделуваат државата иако за мене доволно е Република Македонија за да се разликува од самиот регион, но морате да бидете реалисти во политиката, еве се шпекулира за Северна. Она што се преговара не е етничкиот индентитет на етничките Македонци како група во Македонија. Тоа е графата nationality која е генерички израз за сите граѓани на државата во која спаѓаат сите етнички групи. Националност и етнички идентитет се две различни работи“ – вели Марковиќ.
