Универзитетскиот професор и член на Советот за безбедност, Ненад Марковиќ, во денешното гостување во “Отворено студио” на 24 телевизија, со свој коментар за можните сценарија во очи на утрешната седница на советот.
“Ако пред пет дена мислев едно, сега мислам сосема друго. Не би сакал пред самата седница да откривам што би кажал на седницата на Советот за безбедност. Мојот став ќе биде базиран на она што го покажуваат индикаторите. Мојот личен став е дека во оваа ситуација во која се наоѓаме денес потфрли свеста и совеста на луѓето, а најмногу ги казнивме здравствените работници со нашата неодговорност” – истакна Марковиќ.
Марковиќ во продолжение со уверување дека продолжувањето на вонредната состојба нема никаква поврзаност со изборите, туку дека секогаш епидемиолошките индикатори се тие кои диктираат евентуално продолжување на вонредната состојба.
“Ако некој имаше привид дека вонредната состојба се продолжува заради изборите, што не беше вистина, да бевте на мое место и да ги сослушавте сите аргументи на последната седница на Советот за безбедност ќе знаеја дека тоа не е така. Ако сега личеше дека можеби ќе се продолжи за да се компензира заради тоа лимбо кое настана во политичка смисла, сега веќе пак епидемиолошката ситуација е таа што тоа ќе го диктира, тука ја имате поддршката на армијата и полицијата, тука имате и евентуални финансиски инструменти кои Владата треба брзо да ги прифати, да ги одобри итн.
Ние сме една од малкуте држави која остана без Собрание во критичен момент, односно парламентот не сакаше да биде парламент. Тоа нас ни се случи. Повеќето од луѓето, вклучително и претседателот на Собранието, се приклучија кон она толкување дека Собранието не може да се состане и тоа не се состана. И се случи да немаме Собрание, да имаме техничка влада, да не знаеме до кога треба да ја продолжиме вонредната состојба, тоа максимално да се политизира и на сето тоа ни се случи повторен пик на епидемијата во која нема јасно конституирани контури на власта. Сега сме во еден серијал на чекани и наковални за да излеземе од ситуацијата. Треба да го избереме најмалку лошото решение. Не знам како ќе изгледаат овие избори што треба да се одржат, но дека мора да се одржат избори тоа сигурно е така. Ако можеа некои други собранија да покажат демократска контрола и да се состанат, тогаш веројатно и нашето Собрание можеше да инклинира кон она второ читање кое не превагна во главата на претседателот на Собранието. Јас не можам да сфатам опозиција која не сака да се состане Собрание, уште не можам до крај да ја разберам до крај стратегијата дека опозицијата не сакаше да се состане Собранието” – додаде Марковиќ.