Луѓето треба да сфатат дека ова е корона-војна и ние сме исплашени, изјави докторот Вело Марковски во своето гостување во емисијата „Само вистина“ на ТВ Канал 5.
„Колку сме повеќе исплашени, толку повеќе панично реагираме и носиме полоши решенија.
Според моменталните бројки, но и претходните околу 25 проценти од населението имале контакт со вирусот.
Мое мислење, но и според мислењето на многу епидемиолози, од 30 до 40 проценти се потребни за да имаме заштита во колективен имунитет. Мислам дека многу брзо ќе постигнеме таков имунитет и после 20-25 јуни ќе имаме драстично намалување во бројот на заразени“, истакна Маркоски.